Мигранти приведени во кумановско

од Aleksandar Todeski

Седум мигранти од Сирија, синоќа, се пронајдени и приведени во реонот на кумановското село Речица, соопшти МВР.

Полициските службеници од станица за Граничен премин и граничен надзор „Белановце“, синоќа околу 22.30 часот, во реонот на Речица, забележале возило „рено еспејс“, кое превезувало мигранти.

„Полициски службеници го пронашле возилото, а во негова близина пронашле и седум лица мигранти од Сирија. Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар во Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Слични содржини