Мигрантите се како отров! Унгарија испраќа уште 3.000 полицајци на своите граници

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Унгарските власти испраќаат уште три илјади полицајци на границата со Србија и со Хрватска со цел целосно запирање на илегалната миграција.

 

4996566

Соопштението на властите во Будимпешта доаѓа само околу еден месец, откако Унгарија распореди над 8.000 војници и полицајци на границата со Србија, кои се опремени со оклопни транспортери, хеликоптери, термокамери, кучиња и дронови.

Во обезбедувањето на државните граници учествуваат и делови на жандармеријата. Сегашните дополнителни полициски сили ќе патролираат на границата со Србија и Хрватска.

“Немам желба да прифаќам ниту еден мигрант, бидејќи тие се отров за општеството”, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан.

 

Локално.мк  потсетува дека на 5 јули унгарскиот парламент гласаше законски измени, кои им овозможуваат на полицијата да враќа мигрантите кои се фатени во 8-километарската зона. Претседателот на Унгарија Јанош Адер закажа за 2 октомври национален референдум на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат во врска со квотите распределба на мигранти во земјите од ЕУ. / БГНЕС, БЕТА