Михаел Шумахер ќе се лечи во американска клиника, семејството не губи надеж

од desk2
84 прегледи

Седмократниот светски првак во Формула 1 Михаел Шумахер, наскоро ќе се пресели во американски Далас, каде би требало да почне ново лечење, а таа одлука ја донела неговата сопруга Корина, пишува шведскиот портал Expressen.


Портпаролот на семејството, Сабине Кем и натаму одбива да даде официјална изјава за здравствената состојба на Шумахер, но странските медиуми пренесуваат дека омилениот возач на Формула 1 ќе почне со нова терапија во специјална клиника за повреди на мозокот.

„Михаеловото здравје не е јавна работа.Немам коментар на темата“, вели Кем.
Меѓутоа, германскиот магазин Bravo донесува вест за заминувањето на шамнпионот во САД дека е решена работа, а за еден од најценетите невролози на светот, доктор Микс, многумина велат дека ако некој може да му помогне на Шумахер, тогаш тоа е тој.

„Имаме големо искуство со пациенти како Шумахер. Се смневам дека постои барем една клиника во Европа која лечела толкав број пациенти со такви трауми колку ние“, порача Микс.

За потсетување, во тешка скијачка несреќа, која ја имаше во Мерибел во декември 2013 година, Шумахер се здоби со тешка повреда на главата, од која долго се опоравуваше во болница во Франција, а подоцна беше пренесен во вилата во Гланд, Швајцарија.