Михајловиќ со филмови ги мотивира играчите на Болоња

од desk2
189 прегледи

Тренерот на Болоња, Сниша Михајловиќ, бира исклучиво филмови снимани или според вистински настани или кои прикажуваат херојство во вистинскиот живот, а со ваков начин на мотивирање на играчите почна уште минатата сезона.

Фудбалерите на Болоња заедно со тренерите ги гледаат проекциите во клупскиот тренинг-центар во населбата Кастелдеболе, а филмовите ги бира српскиот стратег. Иницијативата почна лани кога Болоња беше пред испаѓање и на играчите им беше потребна силна доза на мотивација. Михајловиќ ја најде во филмовите „Alexander“ (2004), „The Flight of the Phoenix“ (1965) и унгарскиот „Fehér Tenyér“ (2006), првиот историска приказна за Александар Македонски, вториот снимен според истоимената книга која ја обработува приказната за група луѓе кои пробуваат да приживеат откако нивниот авион ќе мора принудно да слета среде Сахара, а третиот за унгарскиот гимнастичар Миклош.

Слични содржини