Властите на Милано во Италија забранија употреба на селфи стикови, лименки и стаклени шишиња, како и камиони со храна, во настојувањето да воведат ред од недолично однесување во градските средини за време на летната сезона.

Од петокот, продажбата на лименки и стаклени шишиња е забранета во крајбрежната област Дарсена, а баровите и пабовите може да служат пијалок само во пластични и хартиени чаши.
Во таа забрана се наведува и дека „држење, носење, оставање на улица, фрлање или донесување какви и да е садови и лименки, како и употреба на стикови ќе биде казнето“.
Подрачјата на кои важи забраната се Piazza XXIV Maggio, Viale Gorizia, via Codara, Piazzale Cantore и Viale Giovanni D’Annunzio.
Забраната се однесува и на камиони со храна и ќе важи до 13 август. Исто така, се забранува и употребата на петарди и останати пиротехнички средства.
Милано не е единственото место што ги забрани селфи стиковите, пред него уште во 2015 година тоа го направија сите Дизни паркови во светот. Таква забрана се применува и во Забранетиот град во Пекинг како и во Мека Саудиска Арабија.