Милевски: Не сме раскарани во Владата и немаше високи тонови на средбата

од Nikola Popovski

Не сме раскарани и немаше високи тонови на синоќешната средба во Владата меѓу коалициските партнери, вели лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски во емисијата „Само вистина“.

Според него, тоа била конструктивна средба, а опозицијата наметнала дека коалициските партнери биле наводно незадоволни од распределбата на колачот, после влегувањето на Алтернатива во Влада.

-Забелешката до Заев беше дека треба да бидеме консултирани било што пред да се потпише, за да не се прават грешки како што увидовме во самиот договор со Алтернатива. Не беше тема новите ресорски места. Заев понуди министерства без ресор на партиите кои немаат министри, меѓутоа сите ги одбија тие понуди. Освен кај Партијата на Турците, бидејќи тие сметаат дека треба да има Турчин во Владата, од аспект на мешаниот состав. Трајанов, ДОМ и Тито Петковски истакнаа дека не ги интересира такво министерско место. Тоа беше сугестијата на средбата, рече Милевски.

Слични содржини