Папарацо фотографите ја фатија руската тенисерка Марија Шарапова како се одмара во Италија по разочарувачкиот настап на Вимблдон во почетокот на јули.

Шпанското издание на таблоидот TMZ објави секси фотографии на кои Шарапова ужива на лежалка облечена во црни бикини, со вниманието насочено во нејзиниот смартфон, а нејзиното момче, британскиот милијардер Александер Гилкс, се обидува да ѝ го подобри расположението.