Милошоски: Има шанси за договор за Законот за Јавно обвинителство

од Aleksandar Todeski

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Анотнио Милошоски побара владејачкото мнозинство да го повлече предлог законот за Јавно обвинителство кој е во собраниска процедура бидејќи вчера до нив е доставен нов предлог закон, четврти по ред.

„Ние како правен тим во текот на следните денови ќе го анализираме и очекуваме идната недела да договориме термин за средба со преговарачкиот тим. Она што можев да го забележам на кратко, повторно се остава еден законски обид за тимот на СЈО да бидат водемни во тимот на Вилма Рускоска која очигледно е замена за Катица Јанева. Според мене, Законот за јавнообвинителска служба и законот за плати на ЈО е јасен, не може ниеден обвинител да добие повеќе од 35% надомест од платата, а во СЈО добивале астроносмки суми. За таков прекршок треба дисциплинска постапка. Овие не треба да бидат повластени или надградени или привилегирани. Од самото основање, институцијата работеше на нетранспарентен начин и најголемиот дел од овие пари се врз основа на договори кои ги држеле како тајни договори без да се има увид во овие средства“, рече Милошоски.

Тој смета дека ако овој закон се постави како приоритет, постојат шанси за договор, иако времето е кратко до 12 февруари. Изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеји не ја коментираше на друг начин, освен како демант на министерката Рената Дескоска дека законот не е неопходен.

А.Т.

Слични содржини