Милошоски најавува нова „бомба“ за Заев во 11 часот

од Ивана Рамаданова
171 прегледи

Антонио Милошоски преку неговиот Фејсбук профил објави дека денеска во 11 часот во јавноста ќе сподели материјал од висок јавен интерес.

„Денес медиумите ќе бидат запознаени со материјал од висок јавен интерес, доставен од анонимен укажувач. Материјалот е сериозна индиција за злоупотреба на службената положба на поранешниот премиер, преку експлицитно признание за директно мешање на извршната во одлуките на судската власт, на највисоко ниво. Бидејќи бев известен дека во Собранието нема да ми биде овозможено да имам прес конференција, истата ќе ја одржам во прес салата на ВМРО ДПМНЕ, во 11 часот“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Слични содржини