Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по закон итно мора да обезбеди извршување на судската наредба, а не ги остави обвинителите од Специјалното јавно обвинителство цела ноќ да чекаат директорот на јавна безбедност Митко Чавков и заменскиот министер Оливер Андонов да се смилуваат и да ја одблокираат истрагата во УБК, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов.павле трајанов
Не знам што чека Спасовски кога министерот за внтарешни работи има обрска да ги уапси сите што попречуваат судска наредба – Павле Трајанов
Специјалното јавно обвинителство вечерва на Фејсбук објави дека директорот на Управата за јавна безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов вршат опструкција на собирањето докази во зградата на УБК, каде што денеска со судски налози влезе Катица Јанева со нејзиниот тим.
“Министерот за внатрешни работи раководи со сите полициски формации и има право во секој момент да даде наредба за дејствување. Ако директорот за јавна безбедност го опструира извршувањето на судската наредба, министерот Спасовски има овластување, но и обврска да го уапси. Може да го уапси и да го држи во полициска станица 24 часа, додека обвинителите не ги соберат доказите кои ги бараат во Управата, а кои се во врска со нелегалното прислушување и следење на комуникациите. Може да го уапси и заменскиот министер Андонов, како и сите останати во МВР кои го попречуваат извршувањето на судската наредба. Не знам што чека Спасовски”, вели Трајанов на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК кој треба да обезбеди непречена истрага на обвинител.
Целиот текст тука

Слични содржини