Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

од Vladimir Zorba

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства. Предлог Законот за дополнување на Законот за јавното обвинителство ќе се објави на ЕНЕР, соопштија оттаму.

Донесувањето на Закон за дополнување на Законот за јавно обвинителство, според МП, произлегува од потребата за зајакнувањето на механизмите за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и со него се прецизира надлежноста на органите и телата утврдени со законот за вршење на надзорот.

Исто така измената која се предлага е согласно основната намера на Владата на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и е во духот на реформите во областа правосудство и негово натамошно унапредување.

Како што е познато, Министерството за правда според Законот за судовите врши редовен надзор врз функционалноста на АКМИС во судовите. Министерството за правда по спроведените надзори во судовите, изготвува записници и истите јавно ги објавува на веб страната на Министерството за правда и ги проследува до непосредно повисокиот суд и Судскиот совет на Република Северна Македонија. Исто така, Комисијата изготвува полугодишни извештаи кои се објавуваат на веб страната на Министерството за правда во кои се содржани констатираните состојби во судовите во врска со примена на одредбите од Судскиот деловник и автоматската распределба и прераспределба на предметите во судовите што се врши преку АКМИС, се додава во соопштението.

Слични содржини