Миовски: Фудбалот се игра за голови, треба да ја подобриме ефикасноста

од Nikola Popovski

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварите против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември) од групата 3 во Лига на нации.

Репрезентативецот Бојан Миовски смета дека и покрај тоа што во составот недостасуваат неколку важни фудбалери, оваа репрезентација има квалитет што ќе го потврди на тешкото гостување во Тбилиси против Грузија.

„Не очекува навистина тежок натпревар во Грузија, но сите што сме тука сме подготвени да одиграме најдобро. Фудбалот се игра за голови, треба да ја подобриме ефикасноста. Селекторот на подготовките ни укажува на тоа, се разбира, трудејќи се да ги воочиме и слабите страни на противникот“, изјави меѓу другото Миовски.

Слични содржини