Мистериозен објект од надворешниот дел на Сончевиот систем ги збунува астрономите

од Vladimir Zorba

1471010294-ere

Во моментов тој се наоѓа над орбиталата рамнина на останатите планети и се движи секојдневно уште нагоре.

Тим астрономи открил објект во орбитата на Нептун, чие невообичаено однесување не може да се објасни врз основа на досегашната слика која ја имаме за Сончевиот систем. Водечки астроном во тимот е Јинг-Донг Чен од Институтот за астрономија и астрофизика при Академија Синика. Според него, станува збор за т.н.. Транснептунов објект (ТНО), означен како “Нику” (од кинески – бунтовник), кој е 160 илјади пати светлосно послаб од Нептун и чиј дијаметар е околу 200 километри.
Во моментов објектот се наоѓа над орбиталата рамнина на останатите планети и се движи секојдневно уште нагоре. Токму тоа е загатката која астрономите не можат да објаснат.

Нику се движи во рамнина, која се разликува со до 110 степени од рамнината на останатите планети во Сончевиот систем и се движи во спротивна насока на останатите објекти околу Сонцето. Тоа се барем 2 причини објектот да го заслужи своето име. За да се разбере зошто овие две својства се бунтовнички, треба да се потсетиме дека рамнината на еден планетарен систем ја следи т.н.. протопланетен диск кој содржи облаци од прашина и гас и тие кружат околу Сонцето, вели ирскиот астроном Мишел Банистр од Универзитетот Квинс.

Вртежниот импулс на овој протопланетен диск гпринудува апсолутно се да се врти околу Сонцето на ист начин. Можеме да направиме споредба со рингишпил, чиј елементи се вртат сите во иста насока.

Во случајот на Нику тоа може да значи дека нешто некаде го исфрлило од овој курс.
“Тоа значи дека таму, во надворешниот раб на Сончевиот систем има работи кои се уште не знаеме”, коментира астрономот Метју Холм од Центарот за астрофизика Харвард Смитсонијан.

Понатамошна анализа на новооткрениот објект покажува дека неговите својства не можат да бидат предизвикани од опишаната пред една година Деветтата планета, бидејќи Нику е премногу блиску до остатокот од Сончевиот систем. Алтернативни хипотези како блисиа контакт со Плутон или со друга, досега непозната планета-џуџе, исто така не можат да објаснат однесувањето на Нику – барем не со облак или компјутерски модели со кои располагаме.
“Се соочуваме со апсолутна мистерија”, вели Холм во заклучок.

Слични содржини