Мистериозна река која убива се што ќе се најде во неа (ВИДЕО)

од desk2
209 прегледи

Ни научниците не знаат да објаснат зошто оваа река врие.

Кога Андреас Рузо растел во Лима, Перу, неговиот дедо му раскажал приказна за древен изгубен град од злато во Амазонија, како и за мистична река кој врие поради високите температури. Кога пораснал, Рузо, откако станал стручњак за геотермални потенцијали, одлучил да го истражи митот за кој како дете често размислувал.

Собрал тим научници и со внимателно проушување на картата утврдил голем број геотермални извори – повеќе од кој било дотогаш на место кое не е познато по вулканска активност, пишува Curiosity.

Иако други од неговата професија биле склони кон занемарување на таа експедиција, Рузо одлучил сериозно да се занимава со тој феномен.

Кога конечно ја пронаѓол мистичната река, прво што открил бил фактот дека иако е врела, таа не врие.

Измерената температура изнесува 93 степени Целзиусови, со некои варијации во разлино време од денот.

Таа температура е доволна над реката да се створи пареа, но и да убие се што живо ќе влезе во неа.

Тешко е да се каже зоѓто водата е толку врела. Една теорија вели дека незината температура може да се должи на вулкански карактеристики, односно како резултат на претходно незабележани текови на магма.

Друга хипотеза вели дека температурата е реузлат на катастрофа – на пример ланчана реакција под земја која е покрената од некои блиски нафтени компании. Сепак, тоа се смета малку веројатно, бидејќи записите за врела река се стари неколку стотици години.

Една преостаната реална можност која нема врска со вулканска активност е дека водата доаѓа од длабочината на Земјата, каде температурата природно е екстремно висока, но научниците не можат да бидат сигурни дали тоа стои зад овој многу опасен феномен.