Мистериозната Света Анастасија: Остров висок само 17 метри ги откри своите тајни

од desk2
146 прегледи

Една од познатите легенди зборува за гусарите кои го напаѓале овој остров, а во еден момент заштитничката на островот, Света Анастасија, одлучила да ги сопре.

Доколку сте се упатиле кон Бургас, град на бугарското крајбрежје и најзападната точка на Црното море, тогаш на својата листа веднаш додадете го островот Света Анастасија, до кој од Бургас ви треба само половина час возење со брод.

За што станува збор?
На источниот дел од Бугарија, во Бугарскиот залив на крајбрежјето на Црното море е сместен градот Бургас. Од другата страна на овој град во Црното море сместен е островот Света Анастасија. За да стигнете до него потребен ви е половина час возење со брод, и едно ваше попладне ќе може да си го резервирате за овој остров.


По што е посебен?
Остовот Света Анастасија изобилува со тајни и легенди кои ја обележале историјата. Станува збор за остров од вулканско потекло, висок од 12 до 17 метри. На него се наоѓаат остатоци од манастири и цркви кои датираат од 14-от или 15-от век, а од тогаш остовот неколку пати бил нападнат од пирати.

Се смета дека првпат бил населен помеѓу 4-от и 6-от век, а таму го нарекуваат бугарскиот Алкатраз со оглед на тоа што некое време во текот на 20-от век служел како затворски остов. Покрај затворот него го обележала и љубовта на боемите кои често го посетувале, а таму се снимени и некои познати бугарски филмови. Денес на овој остров се наоѓаат остатоци од манастир, црква, музеј, ресторан и кафуле.

Легендите кои го обележаа
Една од познатите легенди говори за гусарите кои го напаѓале овој остров, а во еден момент заштитничката на островот, Света Анастасија, одлучила да го спречи тоа. Преплашените монаси се молеле за помош, а нивните молитви биле ислушани. Света Анастасија испратила големо невреме кое го уништило гусарскиот брод. Бродот останал замрзнат во близина на крајбрежјето, на што упатува необичната форма на карпите кои се наоѓаат на овој остов. Некои други легенди зборуваат дека дури и Викинзите стигнале до Анастасија, а некои веруваат дека на остовот се наоѓаат две “темници“ кои кријат многу тајни и таму не може да се најде влезот.


Како да стигнете со островот?
До островот може да стигнете преку градот Бургас, со брод, кој секако дека се вика Анастасија.

На островот постои “Болница“. Настанала според приказните за Анастасија која била познат исцелител и лечела разни болести со помош на билки. Во “Болницата“ може да испиете прекрасен ароматичен чај или да купите билки и производи кои се карактеристични за тоа подрајче. На островот може да јадете, но и да преспиете, а повремено може да бидете сведок и на некоја романтична венчавка.

Слични содржини