Мистериозни тунели на Марс

од desk2
91 прегледи

Додека се истражува површината на Црвената планета, досега се појавија бројни снимки – една од нив открива мистериозен „правилен“ тунел со пречник од околу 130 метри.

Според многумина, најинтересно е тоа што станува збор за совршено кружен влез од тунел кој што води кон внатрешноста на Црвената планета. Според теоретичарите на заговор, можно е тунелите да водат кон нешто слично на подземен град, а тоа го нагласуваат поради фактот што околу самиот кратер има „траги“.

Теоретичарите на заговор тврдат дека и на Земјата има слични кратери и според нив, пронајдените кратери на Марс не се случајни и можно е да се изградени од жив свет.