Митева: Владата да ги прифати барањата на СОНК

од Маја Анчевска

По денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, ги коментираше состојбите во образованието со оглед на фактот дека СОНК го продолжува штрајкот, а владата нема решение за нивните барања.

„Уцените, притисоците и заканите не ѝ успеаја на власта да го скрши штрајкот на СОНК, па сега преку омилениот синдикалец Дарко Димовски измисли социјален дијалог преку кои се обидуваат да ги измамат наставниците, професорите и воспитувачките. Владата на Ковачевски треба да ги прифати барањата на СОНК, а не да се обидува преку нивниот омилен синдикалец да прави квази договори. Токму експериментите на СДСМ го урнаа образовниот процес и го нарушија угледот на просветните работници. Во овој момент додека СДСМ вели дека го штити достоинството на образованието Владата пак преводена од СДСМ спроведува најбрутални закани и притисоци кон оние што го користат правото на штрајк, истакна Митева.

Митева додаде дека СДСМ само придонесе да има енормно поскапување на сите трошоци за живот. Но, СДСМ не придонесува за зголемувањето на платите на образовниот кадар, кое всушност ќе значи само дека го добиваат она што основно им е потребно.

„Кога треба да обезбедат пари за граѓаните тогаш СДСМ се повикуваат на светски економски кризи, а кога треба да ги задоволат личните или партиските бизнис интереси тогаш пари во буџетот има“, нагласи Митева во сооптението на ВМРО-ДПМЕ.

Слични содржини