Повеќето луѓе веруваат дека ако решат да прават вежби, ќе можат да ослабат. Сè што е само прашање на желба.
Излегува дека, сепак, не е така. Иако рекламните кампањи на големите производители на засладени пијалоци и храна, кои се и меѓу водечките спонзори на различни спортски настани, ја шират идејата дека може да се ослаби само со физички вежби, едноставно не одговара на вистината.

Тоа не значи дека не треба да се спортува. Редовната физичка активност е најверојатно второто најдобро нешто што можеме да направиме за своето здравје, а потоа да ги запреме цигарите.
Вежбите помагаат на кардиоваскуларниот систем, метаболизмот и целокупната здравствена состојба. Тие ќе ви помогнат да живеете подолг и најверојатно посреќен живот, но не се средство за слабеење.
Причината за тоа е начинот на кој функционира човечкото тело. Физичката активност реално користи само мал дел од енергијата која ни е потребна секој ден.
Поголемиот дел од таа енергија оди за тоа да не одржува живи. Таа им овозможува на човечките клетки и органи да функционираат.
За произведувањето на самата енергија – процеси како варење и дишење, исто така користиме доста калории.
Така за физичка активност – секое движење што го правиме, користиме помеѓу 10 и 30 проценти од дневната енергија. А вежбите се само дел од оваа активност.
Притоа дополнителните вежби имаат својство да предизвикуваат чувство на глад. Исто така многу луѓе психолошки ја компензираат зголемената физичка активност во одреден период од денот со помалку таква во останатото време.
Истражувањето направено во 2012 година меѓу племето Хадза во Танзанија, покажала дека нивните тела го користат истото количество калории на ден, како оние на жителите на САД и Европа.
Станува збор за племе, кое се прехранува со лов во африканската савана, чии членови буквално не престануваат да се движат по цел ден.
Меѓу племето Хадза сепак проблемот со дебелината практично не постои. Но тоа не е последица од активниот начин на живот, туку од фактот дека тие не се прејадуваат, бидејќи се принудени да се усогласат со ограничените природни ресурси при обезбедувањето на живот.
За да ги изгориме калориите,земени во еден просечен ручек, се потребни околу 3 часа непрекината, напорна физичка активност, како брзо трчање или велосипедизам.
Проблемот со дебелината е многу сериозен во Европа и САД.