Мицевски: Поднесовме Закон за одбрана без да се смени името на Армијата, тие не прифатија

од Aleksandar Todeski
340 прегледи

Обезличување на Армијата според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски е Законот за одбрана, во кој на името на Армијата се додава придавката „Северна“ согласно договорот од Преспа.

Тој не одговори конкретно на ставот на владејачкото мнозинство, дека ќе гласаат Република Северна Македонија да влезе во НАТО, а не гласаат за Законот за одрбана.

„Не можеме да прифатиме обезличување и промена на името на Армијата. Ние поднесовме идентичен Закон со една разлика, да не се промени името на Армијата. Сосема идентичен Закон беше донесен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со една измена, за Армијата. Ние не гласавме за Преспанскиот договор, ниту за промена на името. Ако сакаа да се донесе Законот за одбрана навистина, ќе го прифатеа нашиот предлог да не се промени името на Армијата. Така ќе можеа нешто добро да направат за државата“, рече Мицевски.

Координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта била хибриден режим, но и дека имало непотизам и корупција.

А.Т.

Слични содржини