Мицкоски: Македонскиот народ будно да следи што преговара Заев

од Nikola Popovski

„Загрижени сме поради позициите на Заев искажани во денешното интервју за БГНЕС“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција.

Тој посочи дека Заев несмасно и грубо изнесувал тези кои можат да предизвикаат нарушување на преговарачкиот процес, но и открил дека освен договорот со Бугарија, постои и Анекс, на кој токму тој предупредувал.

„Заев ја негира антифашистичката борба на граѓаните и нашето право да се повикуваме на тоа наследство. Тој прифаќа дека овде постоела бугарска администрација и смета дека Скопје, Куманово и Крива Паланка всушност биле ослободени, а не биле поробени во Втората светска војнa“, истакна Мицкоски.

Тој побара од македонскиот народ будно да го следи овој процес на преговори, бидејќи загрижен е дека тој може да го начне македонскиот идентитет.

„Македонскиот народ го повикувам внимателно и будно да следиме што преговара Заев“, додава Мицкоски.

Слични содржини