За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот „македонски“ којшто го означува нашиот идентитет.
„А Зоран Заев упорно нѐ убедува дека не преговара за идентитетот и историјата. Бугарската страна кажува дека за придавката „македонски“ се разговара на повисоко ниво, што во превод би значело дека Заев тргува“, истакнува Мицкоски.