Мицкоски: Во животот едно пенкало немам украдено

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски национални интереси. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во Хераклеа, Битола, пред членовите на Унијата на млади сили на партијата.

Зборувајќи за црвените линии и за бранењето на стратешки интереси Мицкоски направи споредба меѓу себе и Заев.

„Кој може подобро да ги брани или застапува, јас кој едно пенкало во животот немам украдено или Заев аболиран кој украде цела држава? Јас кој се школував овде и во центри во Европа, или Заев кој во тоа време создаваше клановска крими империја во Струмица и продава во Русија? Јас, кој работам според чест, принципи и вредности, или Заев кому свитканата кичма, лажењето и тапкањето по рамо му секојдневие. Се знае тука кој е изборот“, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во наредниот период опозициската партија, како што најави, ќе продолжи да биде приоритетно посветено на се друго што е огромен дел од реалниот живот, а тоа се проблемите со стандардот, економијата и тешката живеачка, грабежот и неправдите кои се прават на секој чекор.

„Земјава е сѐ подалеку од Европската Унија, а тоа е така не само затоа што нѐ блокира Бугарија, туку затоа што немаме завршено ниту една домашна задача“, изјави Мицкоски.

Слични содржини