Мизрахи правела кадровски промени и давала овластувања дента кога Собранието ја разрешуваше

од Aleksandar Todeski

Разрешената техничка министерка, Рашела Мизрахи носела решенија за кадровски промени и овластувања во Министерството за труд и социјална политика дента кога во Собранието на дневен ред беше одлуката за нејзиното разрешување.

 

Од владата преку соопштение посочуваат дека на денешната вечерна седница, сите решенија и овластувања од Мизрахи биле поништени.

„На оваа своја седница Владата донесе одлука за поништување на решенијата за кадровски промени и овластувања на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи донесени на 14 февруари, на денот кога во Собранието на Република Северна Македонија беше покрената постапка за нејзино разрешување“, соопштуваат од влада.

Слични содржини