Млада кумановска пронајдена мртва, причината за смртта е непозната

од desk2

Дваесет и седумгодишна кумановка е пронајдена мртва во куќа на улицата „Браќа Филиповиќ“.

Според информациите на МВР, вчера, во 13.20 часот Ф.И. (28) од Куманово во својот дом ја пронашол почината својата девојка М.К. (27) од Куманово.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Слични содржини