Мнозинството во Собранието е стабилно, засега нема предвремени избори

од Nikola Popovski
693 прегледи

Претставниците на сите партии од парламентарното мнозинство во потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно и изјавија дека не се потребни предвремени парламентарни избори, соопшти Владата.

Според соопштението, на покана на премиерот Зоран Заев вчера во владината зграда се одржа состанок на сите политички партии кои го сочинуваат мнозинството во парламентот на Северна Македонија.

„На средбата беа присутни сите партнери од парламентарното мнозинство и изразија поддршка за Владата. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот“, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Заев завчеравечер соопшти дека се повлекува од премиерската оставка поради поразот на СДСМ на локалните избори, но таа оставка се уште не е испратена во парламентот.

На средбата, како што се наведува, „заеднички било констатирано дека на Северна Македонија и на нејзините граѓани не им требаат предвремени парламентарни избори и дека таквите избори ќе ја турнат земјата во политичка, економска, социјална и безбедносна криза, но и ќе го забават процесот на европска интеграција“.

Коалициските партнери едногласно оценија дека на Северна Македонија и е потребна влада која дава „резултати од интерес за граѓаните, особено за време на пандемијата и енергетската криза, со јасен евроатлантски курс на дејствување“, се вели во соопштението од средбата меѓу Заев и коалиционите партнери во владата.

Слични содржини