МНР: Спроведен е успешен попис, дадовме свој придонес

од Nikola Popovski

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го поздравува успешно спроведениот попис на населението, кој Државниот завод за статистика како овластен носител на статистички истражувања го спроведе со употреба на најмодерни алатки и технологии, согласно меѓународните стандарди и критериуми на Евростат.

Според соопштението од МНР, во процесот Министерството го дало својот придонес во делот на попишувањето на нерезидентното население на Северна Македонија во дијаспората, за што изразуваат посебно задоволство.

-Успешно завршениот попис е од големо значење за многу сегменти на функционирањето на државата и општеството, како и за обезбедување понатамошен развој, и дотолку по значаен имајќи предвид дека последниот попис во државата беше направен во 2002 година, соопштија од македонската дипломатија.

Во текот на вчерашниот ден со реакција излегоа турското и бугарското МНР, кои соопштија дека се изненадени од резултатите на пописот во однос на бројките на граѓаните кои се попишале како Турци и Бугари.

 

Во интерес на сите страни е резултатите на овој значаен реализиран државен проект да бидат поздравени и поддржани во нивната понатамошна практична употреба, а нивното политизирање подложи на тврдења кои не се засновани на оправдани и издржани аргументи и стандарди.

Слични содржини