Од МОБ категорично ги демантираат пишувањата во весникот „Коха Диторе“ во врска со концертот на тенорот Рам Љахај, кој синоќа се одржа во МОБ.

Според весникот „Коха Диторе“ концертот „Рам Љахај и пријателите“ бил „спасен“ од албанскиот пијанист Генц Тукиќи, кој допатувал во Скопје откако станало јасно дека Оркестарот на Македонската опера го саботира албанскиот тенор.
Љахај е еден од истакнатите тенори на неговата генерација во светски рамки и е добитник на престижни оперски признанија