Мобилниот интернет во Германија не е толку брз како што е наведено во договорите

од Симе Стоиков

Гeрманските телекомуникациски компании само во неколку случаи им обезбедуваат на корисниците брзината на мобилната услуга наведена во договорите, се вели во годишниот извештај на регулаторот.

Брзината на мобилните и фиксните мрежи е речиси по правило помала од онаа што е наведено во договорите, откри мрежната агенција во извештајот објавен во четвртокот, потврдувајќи ги заклучоците од претходните години.

Состојбата е особено лоша кај мобилниот интернет, бидејќи само четири проценти од корисниците во 2022/2023 година ја добил стапката на пренос на податоци наведена во договорот. Во претходниот период нивното учество беше само три проценти.

Една четвртина од корисниците добија мобилен интернет половина побавен од што требало, како и минатата година.

Во сегментот на фиксни мрежи, само 43,5 отсто од корисниците ја добиле договорената брзина на пренос на податоци, а дури 85,5 отсто од нив добиле најмалку половина од брзината, приближно иста како во претходниот период.

Сепак, повеќето корисници се задоволни од давателите на интернет услуги. Преодна оценка за услугата фиксен пристап до интернет дале 79,1 отсто од испитаниците, а од мобилната мрежа задоволни 70,4 отсто од испитаниците.

Воедно, регулаторот заклучи дека е постигнат значителен напредок во проширувањето на мобилната мрежа од петтата генерација (5G), чие учество во извештајниот период 2022/2023 година изнесуваше околу 29 отсто. Во периодот 2021/2022 г. тоа беше само шест проценти.

„Задоволен сум што мрежните оператори брзо напредуваат во пуштањето во употреба на 5G. Сè повеќе мобилни корисници имаат многу брзи услуги“, рече претседателот на Федералната мрежна агенција Клаус Мулер, додавајќи дека процесот ќе продолжи и во наредните години.

Слични содржини