Модриќ заминува од Шпанија, познато каде би можел да ја продолжи кариерата

од Nikola Popovski
367 прегледи

Лука Модриќ, славниот хрватски фудбалер, на лето би можел да го напушти Реал Мадрид каде мина 12 години и кариерата да ја продолжи во Интер од Мајами.

На хрватскиот репрезентативец наскоро му истекува договорот, а со оглед на неговиот моментален статус во клубот, не се чини дека ќе има продолжување на соработката.

Модриќ има забележително помала минутажа откако во Реал пристигна англискиот репрезентативец Џуд Белингем, кој целосно „експлодира“ во „кралскиот клуб“.

Поради ова, 38-годишниот играч за врска не е задоволен и се очекува да ги напушти редовите на шпанскиот гигант.

„Вистина е дека Модриќ не успеа да блесне на последните натпревари, како што тоа го правеше претходно на Сантијаго Бернабеу“, пишува „Дон Балон“ и продолжува:

„Извори од клубот коментираат дека играчот е многу разочаран од малкуте можности што му ги дава Анчелоти бидејќи разговарале за неговиот статус во клубот пред продолжувањето на договорот“.

Порталот „Todofichajes“ ја објави веста дека Модриќ кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Интер Мајами каде соблекувалната би ја делел со Лионел Меси.

Слични содржини