Момче и девојка претепани пред дискотека во Охрид

од Nikola Popovski

Девојка и нејзиното момче доцна синоќа биле нападнати во Охрид, известуваат од охридската полиција.

Денеска околу 13 часот, во СВР Охрид повикани се А.Т. и К.С. двајцата од Охрид. Тие, се сомничат дека заедно со уште едно лице од Охрид, во 02 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички ја нападнале Б.Ј.(28), а потоа и Д.Ј.(34), двајцата од Охрид.

-Тие, според пријавата од Итната медицинска помош Охрид, добиена во СВР Охрид во 05.30 часот, побарале помош во службата за Итната медицинска помош во Охрид а потоа, биле пренесени во Општата болница каде, кај Д.Ј. биле констатирани тешки телесни повреди. Околу 10.30 часот во СВР Охрид, Б.Ј. и лично го пријавил настанот. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полициското соопштение.

Слични содржини