Момче од Сирија доби доживотно членство во теретана поради фото како гледа низ прозорец

од desk2
131 прегледи

Момче од Сирија доби доживотно членство во теретана во Турција откако на социјалните мрежи се прошири фотографија како гледа во просториите на клубот за вежбање.

Мохамед Калед (12) работи како чистач на чевли во провинцијата Адијаман на југот на Турција, а фотографиран е пред теретаната со работното столче на грбот.

Сопствениците на теретаната го побарале и му дале доживотно членство во клубот.

„Момчето гледаше низ прозорец, а сред зима носи влечки и столче на грбот. Нашата цел беше да го пронајдеме и да му понудиме членарина и тоа го направивме. Тој сега е наш член’, вели Енгинг Доган.

Калед подоцна е фотографиран како вежба и вели дека секогаш сакал да ја намали тежинаа, и се надева дека со вежбање тоа ќе му успее.

https://www.instagram.com/p/BdkWvw0FCNR/?taken-by=kucukkaya.olimpiyatspor