Ремек-делото на Да Винчи „Мoна Лиза“, која речиси сите 500 последни години ги помина во Париз, наскоро може да замине на турнеја низ Франција, рече министерот за култура во четврток.

Франсоа Нисен за радио Europe 1 вели дека сериозно размислува да направи тура на неколку престижни ремек-дела.
„Денеска ќе се сретнам со претседателот на Лувр и ќе ја разгледаме темата повторно“, вели Нисен и додава дека не гледа зошто тоа дело треба да стои на едно место.
„Приоритет во работата ми е културна сегрегација, а голем дел од планот опфаќа тура на неколку дела“.
Сликата, со мистериозна насмевка привлекува милиони туристи во Лувр секоја година.