Монако го враќа Леонардо Жардим

од Vladimir Zorba

Португалскиот тренер Леонардо Жардим може да се врати на челона Монако само три месеци откако беше отпуштен и заменет од страна на Тиери Хенри.

Потпретседателот на Монако, Вадим Василиев и генералниот директор на клубот Николас Холвецк веќе одржале разговор со агентот на Жардим – Жорже Мендеш за можноста португалскиот стручњак да се врати на чело на тимот.

Според информациите, на на Жардим му бил понуден договор за две и пол години.

Токму Леонардо Жардим го изведе Монако до шампионската титула во француското првенство, а исто така и до полуфиналето во Лигата на шампиони.

Жардим беше отпуштен во октомври, за да биде заменет токму од Анри, но при легендата на Арсенал кризата на „црвено-белите“ се продлабочи. Анри има само пет победи од 20 натпревари со Монако, а тимот е на претпоследното 19-то место во Лига 1 со 15 поени од 21 натпревари.

Слични содржини