Мора да има одговорност по истрагата во АНБ, вели премиерот за случајот „Онишечнко“

од Vladimir Zorba

Нема да отстапам од барањето одговорност за направениот пропуст. Одговорот за причините ќе ги даде истрагата што треба да се спроведе во АНБ и соодветниот извештај. Штом ќе има извештај, мора да има и одговорност за тоа што е направено, изјави премиерот Димитар Ковачевски во врска со случајот „Онишченко” за доделувањето македонско државјанство на Украинецот Олександар Онишченко, кој е на црната листа на САД.

Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски истакна дека не е само непријатно изненаден, туку и „огорчен од начинот на којшто лице што е на црната листа на Соединетите Американски Држави, наш стратешки партнер, ги има добиено сите позитивни мислења за добивање државјанство на Северна Македонија”.

-Обврска на Агенцијата на национална безбедност е да спроведе сеопфатна истрага, внатре, во своите редови, во однос на тоа како е спроведена постапката и за тоа да ја информира Владата, секако на затворена седница, бидејќи се работи за сензитивни информации, рече Ковачевски по посетата на фабрики во Струга и Охрид.

Слични содржини