Морбидно: Швајцарците најдоа начин да заработуваат на покојниците

од desk2
104 прегледи

Нордхајм, најголемиот крематориум во Швајцарија ќе почне да ги собира благородните метали од пепелта на покојните.

Во овој крематориум во Цирих годишно се кремираат повеќе од 6.000 тела, а грутките злато, сребро и платина, кои ја преживуваат температурата од 700 степени Целзиусови е се што останува од телата по кремирањето.

Но, Швајцарците од овој месец пуштија во погон филтер, кој ги одбира тие метали и имаат намера да ги продадат. Така ќе се соберат круните, златните заби, имплантите и накитот од покојникот.

Се појавија полемики дали парите треба да им се вратат на семејствата на покојните или да завршат во државната каса.. На овој начин може да се соберат до 87.000 евра годишно.