Москва: Испраќањето муниција со осиромашен ураниум во Украина е нехумана одлука на САД

од Stefanija Kuzmanovska

Руската амбасада во Вашингтон денеска ја нарече одлуката на САД да испрати муниција со осиромашен ураниум во Украина како „јасен знак на нечовечност“.

„Очигледно е дека Вашингтон, опседнат со идејата да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, е подготвен да се бори, не само до последниот Украинец, туку и да ги избрише идните генерации“, соопшти руската амбасада на Телеграм.

Амбасадата наведе дека „одлуката на американската администрација да испрати муниција со осиромашен ураниум во Киев е јасен знак на нечовечност“, пренесе ТАСС.

Слични содржини