Москва: Околу 1000 лица се заразија и по вакцинацијата

Службата за односи со јавност на дирекцијата за социјален развој на градот Москва објави дека околу илјада лица се заразиле со коронавирус откако биле вакцинирани со две дози на вакцина.

Агенцијата ТАСС известува дека меѓу вакцинираните кои се заразиле по вакцинирањето, 76% имале лесни или асимптоматски форми на Ковид-19.

Во соопштението се потсетува дека процесот на развој на имунитет по вакцинирањето варира од личност до личност, затоа на граѓаните кои биле вакцинирани им се препорачува да ги почитуваат и строго да ги спроведуваат ограничувачките мерки.

Слични содржини