„Можат да ја освојат која и да ја посакаат“: Мажите родени во овие знаци се најголеми заводници

од Берта Китинска

Астролозите тврдат дека на способноста за флертување влијае и хороскопскиот знак, а највештите заводници се раѓаат во овие знаци:

ОВЕН

Овните сакаат да бидат мачо-мажи во сите сфери на животот, вклучително и во љубовта. Тие освојуваат со класичен, огнен пристап, директно и без кружење. Исто така, мажите родени во овој знак ќе ви ги дадат возбудата и задоволството кои отсекогаш сте ги посакувале.

ВАГА

Мажот Вага ќе ве освои со многу стил, шарм и луксуз. Вагите уживаат во интимни моменти со својот партнер и сакаат да слушнат нежни зборови од нив, но очекуваат и партнерот да им биде целосно посветен. Овие мажи се сметаат за дарежливи љубовници и затоа им треба соодветна партнерка, која ќе може да ги следи во сè.

СТРЕЛЕЦ

Кога на Стрелецот ќе му се допаднете, тој ќе ве купи со внимание и ќе проба сè, само за да ве освои. На тој начин ќе имате впечаток дека сте единствената жена во светот што тој ја посакува. Што и да посакате во кревет, тој ќе го стори тоа, но има мана што може да ве повреди. Колку и да се искрени и одлучни, понекогаш се многу немилосрдни, па затоа советот е да бидете внимателни.

Слични содржини