Можни технички проблеми при плаќање со телефон во ЈСП

од Nikola Popovski

ЈСП Скопје информира дека поради надградба на системот за наплата која се вршеше во изминативе неколку денови, регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или со мобилната апликација „Скопска“.

-Апелираме до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на [email protected], велат од градското јавно претпријатие.

Голем дел од граѓаните во последниот период се пожалија дека се оневозможени да плаќаат преку телефон во автобусите на ЈСП.

Слични содржини