Интернет фејкери и манипуланти ги закачија и најпаметните и ја сервираа веста за милијардерот во Бугарија, каде на големо се коментира за„ крајот“ на Сорос.
Веста дека Џорџ Сорос добил инфаркт и починал се дели метеорски по социјалните мрежи. Кога човек го гледа ѕидот каде веста е постирана на Фејсбук во протокот се претураат пораки дека “Крај! Сврши! Тежок удар врз чудовиштето Џорџ Сорос утринава”. Тешката (дез)информација што не се гледа, пред да се отвори линкот е дека нешто неочекувано се случило во 6 часот. “Џорџ Сорос умрел од тежок мозочен удар утринава, објавена CNN и …”. Кога сепак се отвори предметниот линк, корисниците остануваат изненадени и Флешш
. Наместо да се отвори сајт каде што пишува повеќе информации во какви околности се достигнало до трагичниот крај, всушност се отовора блог, во кој на долго и широко се раскажува приказна за студент од Софија, кој божем го споделува своето искуство какоги решил своите финансиски проблеми како прави пари онлајн.
Слична шема не се случува за прв пат. Со цел да се промовира практиката да се заработат лесни пари се дели линк, но благодарение на опцијата на социјалната мрежа да се промени насловот, текстот и сликата, радикално се менува содржината. Слична е ситуацијата и со новата практика на случајот наумирањето на Сорос во Бугарија и иницијативата со “фејк њуз”, што е промо дека секој може да “произведе” сопствена лажна вест.
Сеуште не е јасно каква е идејата на употребата на името токму на Сорос. Можно е да е сосема намерно, како одмазда, и заради актурелноста во регионот. Но, факт е дека корисниците масовно коментираат под веста. За некој од нив била потребна само оваа информација насловот , која ја виделе на Фејсбук и се коментира без да се отвори линкот, други се заблудени дека грешката не е веројатно намерна и исто така коментираа. Само мал дел се посомневале во веродостојноста на информацијата.
Се ова упатува колку е нужна медиумската писменост во регионот, колку за контра тежа на фејкерството кое зема се поголем замав.