На учениците во гимназија во Подгорица, Црна Гора забрането им е да носат бермуди на настава, а тој став на Управата на училиштето натера еден ученик да дојде во училиште во сукња.

Како што е објавено на Инстаграм профилот на „Подгорички времеплов“, момчето вчера заминало на часови по бермуди, но му било забрането да влезе.
Денеска се одлучил да дојде поинаку облечен.
Место во фармерки, панталони или тренерки, момчето, во знак на протест одлекло сукња, а околу вратот носи цветен венец.
Неговиот стајлинг и бунт го поздравија многумина на Инстаграм.
