Мукоски однесен на преглед на скопските клиники

од desk4

Крсто Мукоски, синоќа од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари бил однесен на скопските клиники за да го прегледа специјалист, а по прегледот вратен на издржување мерката притвор.

Тој изминатиот период штрајкуваше со глад, а некои портали објавија дека доживеал и инфаркт.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој остана без својот имунитет, се товари за „терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста“ како дел од групата од 36 лица, учесници во насилствата во Собранието на 27 април.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со соопштение побараа ослободување на сите притворени кои ги нарекуваат жртви на политички прогон.

 

Слични содржини