Швајцарската јавност овие денови дозна дека нивната најпозната мумија има уште попознат роднина – британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

Мумифицираните остатоци пронајдени се во 1975 година, во текот на обновата на една готичка црква во Базел, објави природонаучниот музеј од овој град. Телото подоцна е идентификувано, со што е потврдено дека тоа е Ана Катарина Бишоф, сопруга на свештеник која умрела во 1787 година.
Scientists unearth mummy that is related to Boris Johnson https://t.co/8IR379lljo pic.twitter.com/qIU5nqyN1n
— The Standard (@theLDNstandard) January 25, 2018
Со помош на историски документи, палеонтолошки и ДНК примероци, тим научници дојде до изненадувачко откритие. Музејот открил дека ќерката на госпоѓа Ана Катарина Гернлер е пра-пра-пра-пра-пра-прабаба на актуелниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон.
Госпоѓа Бишоф живеела од 1719 до 1787 година. Во остатоците пронајдено е високо количество жива, која во тоа време, па се до 19 век се користела за лечење сифилис. И додека третманот со жива вообичаено завршувала со смрт, кај госпоѓа Бишоф помогнала да телото остане зачувано и по смртта.
„Многу сум возбуден поради веста за мојатапра-пра-прабаба, пионер во грижата за сексуалното здравје. Многу сум горд“, напиша Џонсон на твитер.
Со анализа на плуканицата идентитетот на госпоѓа Бишоф е потврден со 99,8 отсто сигурност.
https://www.youtube.com/watch?v=7q11Z2kDFac