Мурињо би можел да се врати во Челси

од Vladimir Zorba

Жозе Мурињо би можел да се врати во Челси. Ова го објавија медиумите на Островот, кои велат дека нема да има ништо чудно доколку Специјалниот третпат во кариерата го води гигантот од „Стемфорд Бриџ“.

По отказот на Маурисио Покетино се шпекулираше со неколку имиња за негов наследник, но Мурињо е меѓу најсериозните кандидати.

Во својот прв период во Челси, од 2004 до 2007 година, Жозе двапати ја освои Премиер лигата и ФА Купот, додека во вториот период, кој траеше од 2013 до 2015 година, повторно ја освои титулата и Лига купот.

Последните денови во Турција, пак, упорно пишуваат дека Мурињо е подготвен да преземе некој од турските гиганти Бешикташ или Фенербахче.

Слични содржини