Муцунски: Бугарија има неевропски ставови

од Nikola Popovski

Имајќи предвид дека владата води попустлива политика во делот на надворешната политика, граѓаните се загрижени кој и што преговара со Бугарија, изјави Тимчо Муцунски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ  и градоначалник на општина Аеродром при посетата во Битола, одговарајќи на новинарско прашања за преговарачката рамка за Македонија при што истакна дека никако не смее да се дозволи бугарските барања да влезат во рамката.

– Во делот на надворешната политика би кажал дека Бугарија има такви ставови какви што има кои се неевропски и кои не содејствуваат со демократските вредности на 21 век и тоа никако не би смееле да дозволиме ние како држава која има свое влијание како би изгледала преговарачката рамка доколку се дојде до нејзе такви ставови и гледишта да има во неа, рече Муцунски.

Тој посочи дека истовремено тоа што секој граѓанин на Република Македонија го загрижува е фактот што имаме влада која е позната по попустливост во надворешната политика и влада која не знае да ги заштити македонските национални интереси.

Слични содржини