Муцунски: Сите чинители во Бугарија велат дека се работи за истиот предлог со семантички измени

од Берта Китинска

Јас сум еден од најголемите поборници за европеизација на Македонија, но по вредностите на Шуман, која поттикнува од процес на консолидирање на минатото, гледајќи кон иднината и економски напредок, а не европеизација која во својата содржина како овој предлог се презентира како врвен успех, а се вклучува одредба од билатерален договор помеѓу две држави каде се бара во рамки на процесот на преговори со ЕУ да се следат годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација на членот 12 од договорот. Тоа значи дека Бугарија утре може да каже дека учебниците се неприфатливи за нив и тоа ќе значи дека нашите учебници каде се дефинира кој е Гоце Делчев, какво е Илинденското востание, веќе стануваат европски проблем. Тоа владата го претставува како колосален успех, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Муцунски посочи и дека амбасадор на земја членка на ЕУ денеска јавно кажа дека се работи за истиот предлог.

– Сите чинители во Бугарија велат дека се работи за истиот предлог со семантички измени. Сега не стои протокол туку е дефиниран како годишни прегледи и мерки. Првата дезинформација и лага е дека се работи за различен предлог, ова е истиот предлог кој пред две недели беше одбиен, рече тој.

Муцунски нагласи дека негов став е дека ова е национална катастрофа за нашата држава и за нашиот идентитет.

– Видов сличен став дури и на Карл Билт кој е еден од најсилните промотори на европска интеграција и дека ова е предлог кој ќе го усложни процесот. Со жалење морам да констатирам, дека доколку ние како држава и нација го прифатиме овој предлог, ние жалам што ќе си го усложниме патот, и можеби никогаш нема да станеме членка на ЕУ, истакна Муцунски.

Слични содржини