Викендов се применуваше мерката за ограничување на движењето кое започнуваше во 14 часот и траеше до 05 часот наредниот ден. Граѓаните се одговорни, совесни и свесни. Генералната констатација е дека тие ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, информира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Полициски час
Во текот на изминатото деноноќие од страна на Министерството за внатрешни работи констатирано е дека:
По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација.
Во државен карантин се спроведени 34 лица.