МВР: 57 лица приведени за време на полицискиот час

од Берта Китинска

Во текот на изминатото деноноќие во целата држава вкупно 90 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени биле 57 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира МВР.

Полициски час

Според статистикзата на Министерството, на 20 лица им се издадени решенија за изолација, а 241 лица потпишале изјави за самоизолација.

При извршените контроли кај лица во изолација и самоизолација полициските службеници не евидентирале лица кои не ја почитувале мерката.

Слични содржини