МВР Билтен

од Vlatko K

Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп на Е.Т. (24) од Битола му одреди мерка во траење од 30 дена. Притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје. Вчера (15.09) Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против Е.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 15.09.2018 година во 19:05 часот во Полициската станица Куманово, С.С.(45) од Куманово пријавил дека Р.Н. со нож го нападнал и исекол на лицето и левата рака. С.С. со Д.Н. седел во ресторан на улица „Бранко Богдански Гуцман“, а околу 15:00 дошле Р.Н. и Л.Н. и седнале до нив. По кратко време Р.Н. и Л.Н. си заминале, а кога С.С. тргнал да си оди, му се доближил Р.Н. кој со нож замавнал кон него и го исекол во пределот на лицето и левата надлактица, по што побегнал. После тоа, С.С. отишол во болницата во Куманово, каде му била укажаа помош и бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.09.2018 година околу 16:00 часот во с.Покрајчево, радовишко, настанал пожар во кој гори нискостеблеста шума, но без опасност по локалното население. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

На 15.09.2018 година во 16:15 часот во дом за стари лица на улица „Благоја Гојан“ во Скопје починал Б.С.(83), кој бил сместен во домот. Смрт била констатирана од доктор од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

На 15.09.2018 година во 18:15 часот во с. Николиќ, дојранско, полициски службеници ги привеле лицата Б.Џ.(29) и В.Р.(24), двајцата од Република Албанија, затоа што државната граница помеѓу Република Грција и Репубилика Македонија ја преминале надвор од граничен премин. Лицата биле предадени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против З.Ј.(79) од село Издеглавје, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„тешка телесна повреда”. На 28.08.2018 година, пријавениот физички го нападнал неговиот брат Р.Ј.(81) од истото село и со тврд предмет го удрил по главата. По нападот Р.Ј. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

 

Слични содржини