МВР дели казни за неносење маски – се уште има неодговорни граѓани

од Берта Китинска
137 прегледи

Казнети  се 624 лица кои се затекнати без заштитни маски на лицето.

На територијата на Скопје како што претходно соопшти МВР, беа казнети 26 лица кои во возилата биле затекнати без заштитна маска на лицето, иако биле заедно со лица кои не се членови на семејство, односно не се лица кои живеат на иста адреса.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Дваесет евра е казната за неносење заштитна маска за физички лица, а 2.000 евра е казната за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирусот, стои во уредбата која вчера ја донесе Владата, а која излезе во службен Службен весник со број 107.
„Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите за обезбедување на заштитина опрема на вработените“, стои во Уредбата.

Личната заштитна опрема за покривање на носот и устата може да биде респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна или свилена марама или шал, бандана и слично.

Слични содржини